Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Годинава трошоците за набавка на учебници намалени за 10 милиони денари

0
By Ivana on August 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Педагошката служба и преговарачкиот тим на Министерството за образование и наука оваа година успеаја по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намалат вкупната цена за набавка на учебниците кои согласно актуелното законско решение кое ја регулира оваа област се одобрени да се применуваат во училиштата во државата, а за кои МОН не ги поседува авторските права, туку се сопственост на издавачки куќи и автори

Тоа е од голема важност бидејќи секоја заштеда значи реалокација на средства за реализација на некоја друга инвестиција, на пример за подобрување на образовната инфраструктура.

Ова го истакна директорката на Педагошката служба во состав на МОН, Вангелија Велева при посетата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, каде, како и во сите останати училишта, во тек е процесот на достава на учебници и наставни материјали, за кој, како што рече, ќе се заокружи навреме, пред почетокот на учебната година.

-Процесот на дистрибуција оваа година е многу добро организиран и започнат порано од праксата воспоставена во изминатите години, така што учебниците ќе бидат дистрибуирани до сите училишта пред почетокот на школската година и учениците ќе можат веднаш да почнат ги користат. Нема да има доцнење и тоа да создава грижи кај учениците и кај нивните семејства дека одреден материјал ќе биде пропуштен или ќе се задоцни со неговото совладување, па учениците ќе бидат преоптоварени во одреден период, истакна Велева, додавајќи дека оваа година МОН и Педагошката служба се постојано на терен, правејќи контроли дали испораката на учебниците се спроведува согласно потпишаните договори со издавачките куќи.

Велева информираше дека исклучок од набавката на учебници преку Педагошката служба оваа година се материјалите за учење за прво и четврто одделение. Тие се изработуваат по нови наставни програми и согласно новата Концепција за основно образование, а во чија изработка се вклучи Бирото за развој на образованието кое е задолжено за испорака на печатените учебници за прво одделение и за обезбедување дигитална верзија на оние наменети за четврто одделение.

Директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Лујза Спасова изрази задоволство што годинава најголемиот дел од учебниците се пристигнати на време и ќе им бидат доделени на учениците на самиот почеток на учебната година. Нагласи и дека пристигнат е учебник по иновации, кој се печати за прв пат и кој ќе им ја олесни работата и на учениците и на наставниците, преставувајќи еден патоказ во начинот на совладувањето на воспитно-образовните цели и задачи.

Спасова потенцираше дека училиштето е целосно подготвено да ги прими учениците на 1 септември и успешно да организира настава со физичко присуство согласно усвоените протоколи.

МОН учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.