Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН:Одлуката дали некое дете ќе следи физичка или онлајн настава, ќе ја носат учениците, наставниците,родителите/старателите и Директорите  

0
By Mirjana on August 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука одговарајќи на прашања од НоваТВ, за медицинските и немедицинските причини врз основа на кои еден ученик може да биде ослободен од следење на настава со физичко присуство и кој е компетентен да ја прави оваа селекција, уште еднаш појаснија дека „во вакви ситуации, учениците односно нивните родители/старатели преку непосреден контакт со наставниците и раководството на училиштето ќе носат заедничка одлука за вклученост на ученикот во наставата преку друга форма“.

– Медицинска причина се докажува со достава на медицинска документација од овластена здравствена установа. Додека пак, немедицинска е секоја причина која не произлегува од одредена хронична болест на ученикот или член во семејството, атипичен развој на ученикот и слично, но сепак иницира оправданост за да може ученикот да не посетува настава со физичко присуство во училница како би се намалиле евентуалните ризици од дополнителни компликации на состојбата, велат од Министерството за образование и наука.

Оттаму потсетуваат дека  на предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, на 99та седница на Владата е донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи и дека  наставата со физичко присуство е најдобрата опција за задоволување на интересите на учениците, влијае на квалитетот на стекнатите знаења, на социјализацијата и психофизичкиот развој, а воедно и дека тоа е  препорака на УНИЦЕФ како организација која работи на заштита и унапредување на детските права.

– Исклучоци од оваа одлука, може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од  хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето“.се наведува во одговорот на МОН за НоваТВ.

Поради сеуште присутната пандемија и неможноста до крај прецизно да се предвиди развојот на ситуацијата, Владата организира две дополнителни сценарија:

– Преминување на целосно онлајн настава или примена на комбиниран модел.

МОН постојано упатува апел за доследно почитување на протоколите од сите засегнати страни, со цел наставата со физичко присуство да се одржи колку што е можно подолго и од која засега нема отстапување.

Мирјана Трпческа

 

 

 

 

 

медицински МОН Настава немедицински причини онлјан физичка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.