Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Со новата концепција наставата ја доближуваме до современите образовни системи

0
By Нова ТВ on December 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 20, 2020 11:39

Промените во работата на воспитно-образовните институции, како и воспоставувањето на целосно нова образовна концепција за основно образование се во интерес на учениците, велат во видео обраќања Анита Анѓеловска, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци и Иванка Мијиќ, советничка во Бирото за развој на образование, кои учествуваа во подготовката на новата концепција.

Анѓеловска и Мијиќ зборуваа за интегрирањето на повеќе научни дисциплини во двата предмета општествени науки и природни науки и како тоа ќе се одрази на учењето на учениците, но и работата на наставниците.

„Концепцијата подразбира унапредување на секој поглед следејќи ги промените на законската регулатива преку концептот за граѓанско образование кој беше претходно изработен. Начелата на основното образование поттикнуваат најдобар интерес и целосен развој кај ученикот, еднаквост, достапност, пристапност. За да формирам мислење деновиве многу активно ги следев сите засегнати страни во воспитно-образовниот процес, стартувајќи од родителите, учениците и наставниците но ги анализирав и постоечките наставни програми кои во голем дел се застарени и бараат промена“, вели Анѓеловска.

Анѓеловска истакнува дека интегрирањето на историјата со граѓанското образование и содржини по географија е добро и потребно е од повеќе причини.

„Пред се затоа што сакаме учениците да ја имаат врската со реалноста, да ги разгледуваат настаните, случувањата и промените од повеќе перспективи да покажуваат проактивност и да развиваат критичко и креативно мислење, да развиваат способности и вештини за истражување и решавање проблеми и да се оспособат за натамошно образование и доживотно учење како изградени личности и активни граѓани на една демократска држава“, вели Анѓеловска.

Советничката од БРО, Ивана Мијиќ објаснува дека со новата концепција во основно образование наставниот предмет природни науки ќе биде застапен и ќе се изучува во текот на сите одделенија во основното образование, започнувајќи од прво заклучно со деветто одделение.

„Новината во оваа концепција е во третиот развоен период од трето до деветто одделение. Наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки. Во овој наставен предмет од седмо до деветто одделение се интегрираат содржините и наставните теми од трите научни дисциплини биологија, хемија и физика. Тоа значи дека во наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе бидат развиени во самиот наставен предмет три поодделни модули како што се модул биологија, хемија и модул физика. Со наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе се обезбеди интегриран систем, ќе се обезбеди континуитет во изучувањето на научните дисциплини биологија, хемија и физика и она што е важно модулите биологија, хемија и физика ќе обединуваат содржини од научна област“, вели Мијиќ.

Мијиќ вели дека овие модули ќе корелираат меѓусебно, ќе обезбедуваат интегриран пристап и во текот на целата учебна година ќе се изучуваат синхронизирано, паралелно и на таков начин и соработката на наставниците во планирањето и организирањето на наставата ќе се подигне на многу високо ниво.

„Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот. Наставните програми коишто ќе се изработуваат за наставниот предмет природни науки во основното образование ќе нудат еден современ концепт односно ќе се учи на база на истражување и примена на експериментот во наставата. Исто така ќе го фаворизираат и форсираат учењето со разбирање и размислување, а ќе развиваат и вештини кај учениците за решавање на проблеми како и примена на усвоените знаења во секојдневен контекст“, вели Мијиќ.

Со воспоставувањето на новата образовна концепција освен што го подигаме нивото на образованието формираме генерации коишто ќе развиваат научен поглед на светот. Всушност се овозможува приближување до меѓународните стандарди на учење како впрочем што го поставуваат и многу меѓународни студии, тестирања и истражувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.