Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Бројките ja демантираат ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 ученици се пријавија за државна матурa

0
By Нова ТВ on January 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средношколците испратија зрела порака до политичките парии, со нивното масовно пријавување за државната матура.

Имено, во С.Македонија има 16.500 матуранти кои го завршуваат четиригодишното средно образование. Од нив, 15.000 односно 93% се пријавиле да полагаат државна матура. Инаку, големиот интерес кај оваа група покажува дека се свесни за понатамошниот образовен процес и јасно им е дека само доколку имаат положено државна матура ќе можат да се запишат во високобразовните институции.

Оваа година матурата ќе се полага согласно утврдениот концепт, во чие дефинирање учевствувале и самите средношколци. За следната година се најавува целосно нова концепција на државната матура, според современи стандарди.

„Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети. Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците“, се вели во соопштението од МОН.

Големиот интерес кај матурантите да го положат завршниот испит од нивното средно образование е потврда дека во училиштата нема масовен бојкот на наставата, дека учениците се свесни за ризиците од неодење на часови и дека матурата им е неопходна, а МОН има законска обврска да ја спроведе. Токму затоа, Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје.

Со масовното пријавување за државна матура, средношколците испратија зрела порака до политичките партии да останат надвор од школските клупи и да не предизвикуваат тензии и поделби помеѓу учениците. Особено пораката е испратена до опозициската ВМРО ДПМНЕ, која повторно користи ситуација во општеството да ја заврти во своја полза и да профитира. Тие лажно преставуваат дека образовниот систем не функционира и со дезинформациите за состојбата манипулира со одреден број матуранти, особено со оние кои неуспешно се обидуваат да организираат неоснован и непотребен бојкот на наставата.

Иако е забрането политички да се дејствува во училиштата и преку учениците, ВМРО ДПМНЕ ја злоупотребува иднината на младите, и со промовирање на неточни тези пред граѓаните внесува дополнителни грижи и несоници кај учениците и кај нивните родители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

ВЕСТИ October 2, 2025

Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите…

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.