Министерството за образование ќе додели четиристотини стипендии за социјална поддршка на учениците, осумдесет стипендии стипендии за ученици со статус на деца безродители, педесет стипендии за ученици со посебни потреби, сто и педесет стипендии за талентирани ученици–спортисти, педесет стипендии за талентирани ученици, и седум стипендии за ученици од угостителско – туристичката струка
На Кокурсот можат да аплицираат учениците од јавните и приватните средни училишта кои не повторувале година, не добиваат друга стипендија и се државјани на Република Македонија. Учениците кои ќе конкурираат за стипендии за социјална поддршка, треба да имаат успех во текот на школувањето најмалку 4,00, а предвид ќе се земе и материјалната состојба на семејството. Просечен успех од најмалку 3,00 е единствениот критериум за учениците со посебни потреби, и 3,50 за децата без родители. Покрај успехот од најмалку 4,00, за кандидатите–талентирани спортисти предвид ќе се земат и освоените награди на државни или меѓународни натпревари. Талентираните ученици кои ќе конкурираат за стипендија треба да имаат одличен успех и освоени награди на државни или меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот.
Конкурсите ќе бидат објавениво понеделник на 28.10.2013 година во печатените медиуми и на интернет страницата на МОН, односно на порталот stipendii.mon.gov.mk во понеделник. Аплицирањето ќе трае 2 недели.




