Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН тактизира, средношколците бараат Народен правобранител да ги следи средбите

0
By Нова ТВ on April 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2015 14:02


Незадоволни од денешната, трета по ред средба во МОН, средношколците велат дека ќе побараат Народниот правобранител, но и невладини организации да вршат мониторинг на нивните средби со надлежните, поради стравувањето дека со нив се манипулира.

Денеска тројца претставници на средношколскот пленум се сретнаа со министерот Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристоски.

Средношколците велат дека надлежните им предложиле да се формираат работни групи кои ќе ги разгледуваат предлозите за подобрување на концептот на матура и екстерното тестирање во иднина.

Наспроти ова, средношкоцлите велат дека тие се дојдени до конкретни решенија кои претходно ги изработиле нивните работни групи и велат дека не отстапуваат од нивните барања.

-Тие ни понудија работење по модел на работни групи, но ние веќе им доаѓаме со конкретни предлози како може да ги измениме. Ние не сакаме радикално да ги укинеме сите работи, но им нудиме констуктивен предлог за да сите бидеме задоволни. Нашите црвени линии се концептот на државна матура за кој бараме одложување, а на тема екстерно понудивме нов концепт кој подобро би се спровел, анонимно, по принципот на Словенија, изјави по средбата средношколецот Огнен Ханџиски.

-За наредната средба бараме мониторинг од Народен правобранител, детската амбасада Меѓаши и од Хелсиншкиот комитет , бидејќи сметаме дека може да бидеме манипулирани и лесно да потпаднеме под политички влијанија. Сметаме дека на некој начин тактизираат надлежните, но и ние, очекуваме да дојдеме до некое решение, но надежта не е само доволна, вели средношколецот Дејан Рајкоски.

Ова е трет ден ако средношколците 24 часа поминуваат под отворено небо, во Паркот на новинарите наспроти ресорното министерство. Тие денеска добија засилување и од средношколците од Охрид кои со автобуси пристигнаа да ја дадат својата поддршка.

Вечерно време пак, родителите на ученциите кои кампуваат во смени дежураат во паркот, а на безбедноста внимаваат и полициски екипи.

Средношколците се децидни дека не отстапуваат од бојкотот во училиштата и кампувањето пред МОН се додека не се постигне компромис со ресорното министерство, а дотогаш нивните средби со министерот Адеми ќе продолжат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.