Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аудио во Монструм: Ахмети прашува кои се уапсените и дали убиените имаат роднини во МВР

0
By Нова ТВ on October 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 28, 2019 15:53

На 4 ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, на кое ќе продолжи читањето на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството.

На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, лидерот на ДУИ Али Ахмети го прашува Сафет Незири за информации за уапсените за кои за двајца вели дека се добри луѓе, додека за еден дека е бандит. Ахмети го прашува Незири дали петтиот убиен (рибарот) е во роднинска врска со сопственикот на езерото, а тој му вели не, туку само се познавале и дека момчињата немале блиски роднини во МВР.

Османи бил кај семејството на еден од обвинетите

Во друг аудио запис од „бомбите“ од 9 мај 2012 година, еден месец по убиството, разговараат Ахмети и Бујар Османи. Од разговорот се дознава дека Османи има намера да оди во посета на семејството на Хаки Азири кој прво беше загрозен сведок, а потоа се предомисли и стана обвинет.

По средбата Османи во друг разговор го информира Ахмети дека бил кај човекот и седел два часа. Притоа, Османи не кажува многу детали, само дека човекот барал помош.

На истата тема, Ахмети разговара и со тогашниот министер и генерален секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми кој му кажува дека се видел со Османи и дека добро поминале кај фамилијата.

Во разговорите, Ахмети ја споменува една од приказните кои се појавија во јавноста, во врска со земјиштето кај Смилковското Езеро, на што добива одговори дека таму некој сакал да прави рибен ресторан.

Ахмети: Убијците се професионалци

Претходно беше презентирана и смс комуникација меѓу Ахмети и поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џељал Бајрами.

Во една од пораките Бајрами на Ахмети му вели дека му кажал и на тогашниот премиер Никола Груевски дека се професионалци тие што ги убиле децата и му објаснил дека доколку се сакало да се предизвика криза немало да им пукаат во грб. Му кажал дека и во Косово и во 2001 година во Македонија кога требало да се направи криза тоа се правело со напад на униформирани лица или полициска станица.

Во СМС комуникација меѓу Ахмети и Чеику, соговорникот на лидерот на ДУИ му кажува дека биолошкиот материјал не припаѓа на луѓето кои се испрашани.  На Груевски, во една СМС, некој му кажува дека е организирано спроведување на некој човек.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат над 133.000 СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Од Косово нема одговор на барањата за екстрадиција на осомничените во „Монструм“

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.