НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Ќе биде сослушан заштитениот сведок-присутна и јавноста

0
By Нова ТВ on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година.

На денешното рочиште треба да биде сослушан заштитениот сведок и за првпат на новинарите им е дозволено да бидат присутни на вакво сослушување.

Пред почетокот, обвинителката од СЈО Фетаи го праша судот до каде е екстрадиците на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, главните обвинети за петкратното убиство.

-Постапката е во процедура, контактирам со нашето Министерство за правда, а тоа со косовското. Ќе ве известам за сè, рече судијата Огнен Ставрев.

Во однос на барањето за исклучување на јавноста од сослушувањето на заштитетниот сведок, Фетаи рече дека не гледа ниту една причина тоа да биде направено. Според Законот за заштита на сведоци, а и во интерес на сите нас е јавноста да биде присутна на сослушувањето, рече Фетаи.

Судијата Ставрев кажа дека јавноста нема да биде исклучена и ќе може да присуствува на сослушувањата на заштитениот сведок во „Монструм“.

Денеска за првпат со Фетаи дојдоа уште тројца обвинители од СЈО.

Претходното рочиште беше одложено поради болест на судијата Осман Шабани.

На последното рочиште за „Монструм“ се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд.

Пред Судот исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презема СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

заштитен сведок Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.