Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“: Преслушани 25 „бомби“, судењето продолжува на 4 октомври

0
By Нова ТВ on September 18, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2019 15:31

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на СЈО, продолжува на 4 октомври, откако на денешното рочиште беа преслушани 25 снимени разговори.

Сите разговори се правени по петкратното убиство, односно првиот е од 13 април. Најголем дел од разговорите се меѓу тогашни функционери и се однесуваат на текот на истрагата и екстрадицијата на обвинитите, но се слушаа и разговори со новинари, бизнисмени, па дури и гатачка.

Обвинителката Фатиме Фетаи, по денешното рочиште, рече дека треба да се има трпение и оти детална анализа на сите докази ќе има во завршен збор.

– Вредноста на разговорите коишто денеска ги слушнавте, не можам да кажам ништо повеќе од она, значи слушнавте и самите кои се соговорници, времето кога се одвиваат разговорите, нивната содржина. Меѓутоа, анализа детална на сите докази, на секој поединечно, на сите во склоп на една целина ќе има кога ќе дадам свој завршен збор. Во моментов не можам ништо повеќе да кажам, рече Фетаи.

Адвокатката на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска, по денешното рочиште, рече дека тие долго ги очекувале овие бомби, поради тоа како биле најавувани, но дека не виделе ништо суштинско во нив.

– За овие четири часа како што видовте и вие не знам дали имаше таков бум затоа што нешто суштинско нема во бомбите. Имаше многу разговори, разговори помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, помеѓу Миле Јанакиески, помеѓу премиерот, Сашо Мијалков, Оливера Трајковска, значи се различни се тие. Значи, ви кажувам, и како што кажавте дека се всушност 25 разговори, меѓутоа и чудно ни падна некако како може такви големи предмети, некои тајни и истрага да се пренесуваат, да се кажуваат на луѓе коишто не се дел од истрагата, изјави Ивановска.

Нагласи дека нешто конкретно во однос на овие бомби нема, освен што, како што вели таа, дека се покажува дека власта влијаела дали и кога да се одржуваат рочиштата за „Монструм“ и за тоа зошто нема екстрадиција од Косово.

– Многу е чудно, кога биле фатени двајцата во Косово, знаете за кого станува збор, зошто понатаму не продолжила екстрадицијата. Исто така слушнавме дека би било добро разговорот на министерката Јанкулоска, всушност предметот од тогашниот министер за правда Блерим Беџети да се прати, значи барањето до косовското Министерство за правда како што е постапката и редот да се побрза, меѓутоа за екстрадицијата ќе се договореле, имало време, меѓутоа сведоци сме до ден денес за жал до таа екстрадиција не дојде, изјави Ивановска.

На денешното рочиште беа преслушани 25 разговори, за кои обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека ги доставиле пред судот, како што им биле предадени од Зоран Заев.

Во разговор од 16 април 2012 година Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска разговараат за тоа до каде е истрагата и дали имаат траги за сторителите.

– Ќе ни треба време. Досега не сме имале ваков случај. Јас сум стално оптимист, но тешко е. Вакво нешто немало во историја на Македонија. Имало војници, но ова се деца, пет цивили никогаш немало, ни во војна, вели Јанкуловска.

Во разговор од 23.08.2013 година, Гордана Јанкуловска се консултура со Сашо Мијалков за некое барање на Блерим Беџети, да биде ослободен некој од обвинетите како помошници во „Монструм“, поради влошена здравстена состојба.

Истиот ден, во друг разговор, Јанкуловска зборува со Блерим Беџети, кој ја информира дека еден помагачите во Монструм е сериозно болен и дека од партија му бараат да зборува за тоа.

– Бидејќи е помагач, исполнети се условите за прекин на казната, вели Беџети, на што Јанкуловска му кажува дека случајот во водела УБК и треба да зборува со Сашо Мијалков, кој е подобро запознаен со случајот.

Љупчо Тодоровски, во разговор од 14 март 2013 година, се жали на Сашо Мијалков, дека Беџети не сакал да го потпише барањето за екстрадиција за обвинетите во „Монструм“ од Косово. Истиот ден Јанкуловска разговара со Блерим Беџети за барањето за екстрадиција.

– Имаме комуникација и таму. Се добро ќе заврши. Утре ќе биде испратен за Приштина предметот. Јас мислам нема да има проблем, ја уверува Беџети, Јанкуловска, но бара и да нема рочишта за предметот пред изборите.

На следното рочиште треба да се почне со изведување на 133.000 СМС пораки и други транскрипти.

Обвинителката Фатиме Фетаи, предложи поради големиот број докази, да не се изведувата сите, туку само оние што се од интерес на одбраната и обвинителството.

– Има многу, најдобро е да ги видиме сите и да преложиме тоа што е битно и за нас и за одбраната и тоа да го читаме. Ако читаме се, ќе ни требаат пет години, изјави Фетаи, посочувајќи дека ќе треба да се повика и Ѕвонко Костовски, за да објасни како се добиени некои од доказите, бидејќи меѓу нив имало и со ПИ мерки.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.