Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“ заглави во правните пречки за екстрадиција

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двојното косовско-македонско државјанство на осомничените може да ја одложи, па дури и да ја стопира нивната екстрадиција од Косово во Македонија.

Екстрадицијата на двајца осомничени од Косово во Македонија е запрена поради правни пречки меѓу косовските и македонските власти, јавува setimes .

Али Демири и Африм Исмаиловиќ беа обвинети во Македонија за убиството на пет луѓе во близина на Смиљковци, село во околината на Скопје, во април 2012 година. Двајцата беа уапсени на почетокот од март во Косово. Македонските власти испратија барање за екстрадиција до приштинските власти, но не добија одговор.

Косовскиот министер за правда, Хајредин Куци, рече дека судството се занимава со двајцата обвинети, но нивното двојно државјанство може да ги поштеди од екстрадиција.
„Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани покрај тоа што имаат македонско државјанство“, рече Куци за SETimes.

Двајцата осомничени се соочуваат со судски процес и во Приштина, за нелегално поседување оружје во моментот на нивното апсење.

Судот во Приштина ќе одлучи за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ, иако нема краен рок за одлуката.

Правните власти во Скопје не гледаат причина за одложување на одлуката за екстрадиција. Демири и Исмаиловиќ беа уапсени во Косово врз основа на меѓународната потерница издадена од македонските власти.

„Демири и Исмаиловиќ се бараат во Македонија за сериозни кривични обвиненија. Овој пристап на косовските власти носи етнички белег, наместо белег на борба против криминалот и борба за правда“, рече за SETimes Владимир Пивоваров, професор на скопскиот универзитет ФОН.

„Убиствата што беа извршени во Македонија се потешки од кривичните дела во Косово и осомничените можат да помогнат во истрагата за откривање на другите вмешани во убиствата во близина на Смиљковци.“

Исмет Салиху, професор по меѓународно кривично право на Приштинскиот универзитет, вели дека врз основа на домашните закони Косово не треба да ги екстрадира двајцата поради нивното косовско државјанство. Но, како што рече тој, може да има исклучок ако постои меѓусебен договор меѓу двете држави кој предвидува ваква ситуација.
„Во такој случај, дури и косовски државјанин може да се екстрадира во согласност со меѓународниот договор кој го потиснува домашниот закон“, рече Салиху за SETimes.

Салиху рече дека постои договор меѓу Косово и Македонија за екстрадиција, што значи дека предавањето на осомничените може да се случи, но тоа зависи од проценката на Министерството за правда.
„Нормално, тие ќе ги разгледаат политичките, националните и безбедносните интереси“, рече Салиху.
Косово и Македонија потпишаа договор за екстрадиција кој досега се одвиваше непречено. Неколку дена по апсењето косовските власти го екстрадираа Шукри Алиу, кој беше осомничен дека им бил ментор на двајцата вмешани во убиствата во Смиљковци, во Македонија.

(сторијата е преземена од setimes)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.