Експедициите на Монт Еверест ќе бидат повнимателно следени од следната година, јавува Би-Би-Си.
Непалски власти велат дека за прв пат, владин тим ќе се наоѓа на базниот камп.
Тие ќе ги следат и ќе им помагаат на експедициските тимови, ќе координираат спасување и заштита на животната средина.
Овој потег уследи по срамните инциденти на падините на највисок врв во светот, вклучувајќи борба помеѓу Шерпите ( етничка заедница од Непал) и планинарите.
“Потребата за постојан владин механизам во база на Еверест кампот … [ќе] ги регулира активностите на планинарење “, рече Пурна Чандра Батараи, шеф на туристичката индустриска секција што го надгледува планинарењето.