Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мора нешто да кажете во демантот

0
By Менче Атанасова Точи on June 7, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2016 12:19
 
Колку човек треба да е паметен за да знае дека колумни не се демантираат? Особено не, ако демантот не содржи ништо во себе, а во психологијата се оценува како измама на народот. Министерот Тодоров има стратегија, да праќа деманти со кои се обидува да им го плакне мозокот на граѓаните. Тоа е стратегија на една власт, која се обидува да ве убеди дека црното не е црно, туку е бело. Тој ви дише во врат и кога мислите дека спие: демантира личен став, мислење, осврт на случувањата, факти кои се собрани на едно место.
Во моите текстови има и по некоја приказна од животот за да го доловам посликовито она што сакам да го кажам. И тогаш министерот праќа „недемантирачки деманти“. Како овој пат, демантира мајка на болно девојче, која во очај бара инсулин за детето да не и падне во кома.
Демантот дојде од Националната комисија за дијабетес, таа што е под капа на Министерството за здравство и што ја крои судбината на 35 000 луѓе чиј живот зависи од инсулинот. Гневни се бидејќи колумната„ Како да се преживее кога државата штеди на инсулини“ ја посветив на инсулинската криза која трае две години. На децата со дијабетес за кои секој нареден ден значи неизвесност бидејќи често има недостиг на одредени типови на инсулини.
Комисијата демантира дека нема инсулини, дека не постои инсулинска криза. Велат дека сум креирала лажна слика за грижата за лицата со дијабетес со што се поттикнувала паника и бараат јавно извинување.
Да, ќе се извинам но, само на граѓаните затоа што морам да го објавам „недемантирачкиот демант“ бидејќи таков е законот. Се извинувам што ќе им дозволам на момент да ги доведат граѓаните во заблуда. За останатото секако дека нема да се извинам, затоа што стојам зад секој напишан збор. Министерството и Комисијата треба да се извинат за сета болка и грижа што им ја создадоа на луѓето и ги доведоа во ситуација на колена да молат за едно пенкало инсулин.
Националната комисија за дијабетес, всушност ја демантираат мајка на деветгодишно девојче од Штип, која се пожали дека во овој град нема инсулин две недели и дека е принудена да позајмува од луѓе. Наместо да и обезбедат инсулин, Националната комисија проверувала во компјутерите и спремала демант.
И замислете, со заплашување и се јавиле на телефон со зборовите „Зошто се лажеме?Некој за ова треба да одговара“
Ова е „демантот“ од Националната комисија за дијабетес:
„Комплетна невистина е дека девојчето со дијабетес тип 1 е сменето од инсулински аналози на хумана инсулинска терапија, туку користи инсулински аналог. Единствено е извршена промена од патрони во пенкало за еднократна употреба, но воопшто не е променет инсулинскиот аналог кој го прима. Сите деца и млади со дијабетес тип 1 се лекуваат исклучиво со инсулински аналози од трите најдобри светски производители на инсулин, по препораките на Меѓународното здружение за лекување на лица и адолесценти со дијабетес. По направените проверки, утврдено е дека е целосно невистинита информацијата дека инсулинскиот аналог недостасувал во споменатата инсулинска аптека, како што е наведено во текстот.
Исто така, инсулинските игли што се добиени преку јавната набавка се соодветни за педијатриска возраст согласно меѓународните водичи, а со соодветен квалитет се и глукометрите и лентите за гликемија, имајќи во предвид дека се одобрени за употреба во земји на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Крајно непрофесионално и некоректно е со вакви тенденциозни написи да се дискредитира еден континКуиран процес на обезбедување најквалитетна инсулинска терапија и грижа за сите лица со дијабетес во Македонија“, се вели во реакцијата на Нацоналната комисија за дијабетес при Министерството за здравство.
Да, точно е дека мајката на деветгодишното девојче кое е зависно од инсулин, наместо аналоген инсулин кажа дека е префрлена на хуман. Таа веднаш се коригира и рече дека сакала да каже дека е извршена промена од патрони во пенкало за еднократна употреба, што не ја намалува тежината на претходно кажаното.
Суштинско е дека инсулинот не и делува на малата Франческа по оваа промена и дека го нема во инсулинските аптеки..
„Како да и ставам вода“, вели оваа мајка.
 Оваа изјава се темели на сомнежот во квалитетот на инсулините на луѓето со дијабетес и начинот на кој што се транспортираат. Тие велат дека ги добиваат најнеквалитетните глукомери(апаратчиња за мерење на шеќер во крвта) и ленти што ги имале до сега.
 „Навистина е срамота од група на доктори на науки и лица кои што ја положиле хипократовата заклетва да слушаме вакви лаги кои што им одат во прилог единствено на погребалните служби“,велат во здружението Баланс МК.
Да, во оваа држава постои Министерството кое не го слуша гласот на сопствениот нарот, на 35 000 луѓе чиј живот зависи од инсулинот. Тоа Министерство се слуша само себе и својата политика на дејствување. И што е најстрашно се рекламира во име на болните! И постојано демантира.
 А, да пробаме поинаку? Да, почнат пациентите да го демантираат Министерството? Секој ден да ги бомбардираат со деманти, да ги полнат кутиите во зградата и да ги објавуваат во јавноста. Што ќе се случи тогаш?
Можеби вистината ќе ја победи измамата и граѓаните ќе си го добијат она што е нивно, Министерството и здравствениот систем кои треба да бидат во служба на граѓаните , а не на одредена политичка партија. А, Вие министре, треба да знаете дека демантот не е демант, ако нема што да кажете во него!
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.