Продажбата на фудбалскиот клуб Интер , за која до сега само се шпекулираше, сепак официјално е потврдена, а претседателот на клубот, Масимо Морати е подготвен да го продаде.
Морати кој го презеде клубот во 1995 година од Ернесто Пелегрини, за Gazzettа dello Sport, потврдува дека го продава клубот.
„Носталгијата е зад мене. Одлучив да гледам кон иднината. Интер има слични долгови ако најголемите клубови во свето и поради тоа сум загрижен”, вели Морати.
Според него, италијанскиот спорт веќе со години игра на `европски терен` и освојува титули, но во финансиска смисла игра само на `домашен терен`.
„Тој натпревар го изгубивме и јас ја преземам вината на себе. Интер вреди многу повеќе од тоа што го покажуваат приходите и затоа е потребен `ремонт1 внатре, во структурата на клубот како и на самиот бренд Интер. Верувајте ми работам за добробит на клубот и на навивачите. Јас ќе продолжам да давам придонес, ако треба , но мислам дека го постигнав својот максимум и дека станав блокада за понатамошниот развој на Интер”, вели Морати.
Gazzetta dello Sport пишува дека сопственикот и претседател на клубот е пред одлука да ги продаде своите 70 отсто кои ги има во клубот по цена од 300 милиони евра. Купувач е индонезиски тајкун школуван во САД, Ерик Тохир, кој работи со медиуми, но е наследник во фамилија која се збогатила во автомобилскиот бизнис и инвестициското банкарство.
Како мудар бизнисмен 43- годишниот Индонежанец, ќе го задржи Морати на водечката менаџерска позиција во клубот, како и должноста на извршен претседател.
Клубот во кој ќе задржи 23,3 отсто (1,6 отсто му припаѓаат на Пирели) од сопственичкиот удел, во Тохир би го воделе во синергија.
Целта на проектот е силен спортски бренд, посебно на подрачјето на Југоисточна Азија.
Тохир има цел да го санира клубот, да го ревитализира во маркетиншка и комуникациска смисла. Планира финансиите да ги доведе во рамнотежа низ следните две сезони, а потоа да остварува стабилен економски раст.