Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Морон“, „глуп“, „апси“, „пари“ – најчести зборови во бомбите

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: МРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 17, 2016 19:12

Еден од најпознатите слависти и македонисти во светот, академик Виктор Фридман денеска одржа предавање насловено „Јазикот на бомбите како автентичен македонски разговорен јазик. Граматика и лексика“.

Нелегално прислушуваните телефонски разговори кои ги објави опозицијата или тн. „бомби“ за прв пат станаа дел од научно истражување. Познатиот американски лингвист Виктор Фридман денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ одржа презентација на неговото истражување за вокабуларот кој се користи во „бомбите“ со споредби и анализи со делото на Крсте Мисирков, „За македонцките работи“.

Истражувањето е правено строго од лингвистички аспект и во него биле разгледувани 130.000 зборови. За него, бомбите биле ретка можност да се види како функционира неформалниот говор во земјава.

„Во текстот на ‘бомбите’ излегува дека ‘будала’ е во јака конкуренција со ‘идиот’, кој се среќава со истиот број појавувања. Друга модерна заемка ‘морон’ се појавува четири пати, но сепак ‘глуп’ победува со педесет примери“, рече академик д-р Виктор Фридман.

Според него, во говорот најмногу се користеле турцизми но и други стилови на говор. Интересно е што во разговорниот јазик, турцизмите биле многу позастапени од србизмите, кои често се присутни во скопскиот дијалект на кој најмногу беа бомбите.

Професорот истакна дека македонските бомби може да се споредат со најпознатата американска афера на прислушкување – „Вотергејт“, но разликата е што во Македонија може да се слушнат автентично самите разговори.

„Истражувањето е извршено само од лингвистичка гледна точка, без разлика дали материјалите што ги разгледував се вистинити или не. Ова е ретка можност да се собере соодветен материјал што ќе даде релевантни податоци за неформалниот говор во Македонија“, рече Фридман.

Фридман е истакнат професор на општествени науки на Универзитетот во Чикаго. Тој има свој оддел во Одделението за лингвистика и е вонреден професор во Одделот за антропологија. Има објавено бројни статии на англиски, македонски и албански јазик и е академик во МАНУ.

Заради големата научна работа и популаризација на македонскиот јазик има добиено македонски пасош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.