НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва ја гледа Македонија поделена, Софија ги демантира изјавите на Лавров

0
By Нова ТВ on May 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, случувањата во Македонија се поради намерата на премиерот Никола Груевски да не ги почитува европските санкции против Русија.

– Македонија сепак преговара за влез во ЕУ и Брисел недвосмислено покажува дека Унијата и оние кои сакаат да влезат во неа треба да се обединети во однос на Русија. Тие го “користат албанскиот фактор“, вели Лавров за случувањата во Македонија.

Тој потенцира дека настаните во Македонија биле контролирани однадвор, а сега се зборувало земјава да биде поделена помеѓу Албанија и Бугарија.

– Настаните се грубо контролирани однадвор. Официјално Груевски е обвинуван дека не си ги извршува обврските кон општеството и дека ја злоупотребува власта, но зад ова тврдење се крие одбивањето на македонската влада да ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија и поради „Јужен поток“, како и подготвеноста на Скопје да учествува во „Турскиот поток“. Тоа е многу тажно и опасно, бидејќи се прави обид да се активира албанскиот фактор. Пред извесно време, т.с. во 2001 година беше потпишан Охридскиот договор, кој имаше сериозни контроверзии. Сега се покренува темата, дека Македонија треба да се федерализира и дури се изразила идејата за територијална поделба, да се подели земјата на Албанија и Бугарија, изјавил Лавров.

Од друга страна рускиот претставник во ОБСЕ, Андреј Кели смета дека случувањата во Македонија може да се претворат во сериозен конфликт.

– Со оглед на недостатокот на напредок меѓу главните политички партии во Македонија, не се гледа кога ќе дојде крајот на кризата и се плашиме дека кризата може да се претвори во сериозен конфликт, изјавил Кели.

А на изјавите на Лавров, се огласи и министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, кој рече дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи е крајно неодговорна.

„Обидите да го стави под сомнение европскиот поредок во регионот и територијалниот интегритет на Република Македонија се неприфатливи. Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од огромно значење за нас и обидите на надворешните фактори за регионот на земјите за нејзиното поткопување преку слични сугестии треба да бидат прекинати. Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомневање“, рече Митов.

За него, нрајно неодговорни се изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во неговото обраќање пред Советот на федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација, дека се зборувало поделбата на Република Македонија помеѓу Албанија и Бугарија.

Тој истакнува дека токму Бугарија била еден од најголемите поддржувачи на Македонија додека се градела државата.

Митов истакнува дека Бугарија е државата која прва го призна уставното име на Република Македонија и тоа решение според него било клучно за стабилноста во Југоисточна Европа.

НОВА побара реакција од македонското МНР, но оттаму засега се недостапни за коментар на изјавите на Лавров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.