Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Измената на Изборниот законик спротивна на Уставот

0
By Нова ТВ on March 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2013 15:49

Граѓанската асоцијација МОСТ ги презентираше законските пропусти и прекршувања кои влијаат врз спроведување на изборниот процес.

Во периодот од распишувањето на изборите, па се до потврдувањето на кандидатските листи на 20 февруари, политичките партии одржуваа промоции на своите кандидати за изборите и нивните програми.

Сепак, иако формално-правно не станува збор за предвремен почеток на изборната кампања, јавноста беше сведок дека овие настани всушност претставуваа промовирање на идните кандидати и нивните програми, без разлика на тоа што тие се уште не беа потврдени од страна на официјалните органи.

Практика на промоција на кандидатите и програмите продолжи и по потврдувањето на кандидатските листи, но досега не е поднесена ниту една пријава до прекршителите од страна на Државната изборна комисија.

Последната измена на Изборниот законик не овозможува на групи избирачи да го искористат дополнителниот рок за доставување на кандидатски листи, односно тој важи само за политичките партии или коалициите.

Ова е во спротивност со членот 23 Уставот на РМ и членот 7.5 од Документот на ОБСЕ. Исто така, со оглед на тоа што изборната кампања започна на 4 март, дел од кандидатите за изборите се уште не се потврдени со што тие се ставени во нерамноправна положба.

МОСТ смета дека беше неопходно да се одложи и датумот на започнување на изборната кампања, со цел изборната кампања и процесот на кандидирање да не течат истовремено.

МОСТ укажува и на несоодветната одредба пропишана во член 27 од Законот за лустрација.

Рокот од 24 часа во кој Комисијата за верификација на факти треба да изврши проверка на кандидатите е нереален. Поради тоа, Комисијата не ги обработи сите кандидати во законскиот рок, односно постапката ја заврши од кога кандидатките листи веќе беа потврдени од ОИК.

До денес, Комисијата за верификација на факти утврдила дека 3 кандидати не ги исполнуваат условите да ја вршат функцијата советник и доколку тие бидат збрани ќе бидат заменети со наредниот кандидат на советничката листа. Прашуваме што ќе се случеше доколку не се работеше за кандидати за советници туку за кандидат за градоначалник?“, потенцираше Дарко Алексов.

МОСТ ја поздравува зголемената транспарентност на работата на Државната изборна комисија. Имено, записниците од одржаните седници се објавуваат на интернет-страницата на ДИК, што е една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

MОСТ го набљудуваше и процесот на формирање на ИО од страна на 25 ОИК, при што кај 18 ОИК е констатирано нецелосно спроведување на принципот на случаен избор, односно при изборот на членовите на ИО се земаа предвид и други критериуми, како на пример: образованието, личното познанство со членовите на ОИК, роднинските врски помеѓу членовите на ИО итн., иако ниту еден од овие критериуми не е наведен во Изборниот законик.

Набљудувачите на МОСТ констатираа дека одреден дел од општински изборни комисии немаат соодветни просторни услови за нормално функционирање. Поради тоа на набљудувачот на МОСТ не му е овозможено да ги следи седниците на Изборната комисија на град Скопје, што е неприфатливо.

Одредени ОИК исто така се соочуваат и со финансиски проблеми:

Општината Ранковце предвидено средства од буџетот на општината за изборите (Ранковце)

Градско и Пласница имаат блокирани сметки, потоа Свети Николе се уште нема отворено сметка.

Алексов потенцираше дека и покрај тоа што за законитоста на работата на ОИК е надлежна ДИК, општините се единствено одговорни за обезбедување на просторни услови на ОИК, а при локални избори и за финансирање на ОИК.

Јавноста треба да знае дека од овие средства ќе се подмират сите трошоци поврзани со спроведувањето на изборниот процес, освен трошоците за изборниот материјал.

Ова во голема мера влијае на нивната работа и може да предизвика сериозни проблеми во спроведувањето на изборниот процес.

ОИК не секогаш одржуваат седници, туку работни состаноци за кои набљудувачите не се известени, поради што не можат во целост да ја следат нивната работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 13, 2026Updated:March 13, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

ВЕСТИ March 13, 2026

Овој протест не е само собир. Тој е огледало во кое секој работник може да…

Слободан Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!

March 13, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

March 12, 2026

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.