Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мостот Морандини бил безбеден, правдата да каже што се случило

1
By Нова ТВ on August 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 18, 2018 19:33

Спасувачките служби во Џенова денес попладне извадија урнатините уште тело на еден 30 годишен човек, жртва на мостот Морандини што се урна во овој италијански град, јавија италијанските медиуми.

Оваа жртва е последната од луѓето што се водеа како исчезнати по уривањето на мостот. Со ова билансот на жртвите се искачи на 42.

Раководството на “Аутостраде пер Италија”, фирмата што беше задолжена за одржување на мостот, најави попладнево, дека од понеделник ќе даде 500 милиони евра за реконструкција на мостот и како помош за градот Џенова за чија економија и пристаниште овој мост беше виталната клучка.

Стотина жители на Џенова не можат да се вратат во нивните домови

Според директорите Џовани Кастелучи и Фабио Черчиаи, еден милион ќе им биде даден на семејствата на загинатите и десетина милиони за сместување на лицата што живееле под мостот и кои повеќе не можат да се вратат во нивните домови.

Кастелучи исто така рече дека има проект според кој во рок од 8 месеци може да се направи нов мост од челик. Во меѓувреме “Аутостраде пер Италија”, која одржува 6000 км автопатишта низ земјата, вети дека ќе опреми во “рекордно време” алтернативен пат за камионите кои минуваат низ Џенова на пат кон северна Европа. Истовремено автопатиштата во овој регион повеќе нема да се наплатуваат.

Џовани Кастелучи

Раководството на фирмата тврдеше денес на прес конференција дека, според сите експерти што го прегледувале мостот, тој бил безбеден:

-Мостот беше посебен но сите што го прегледаа изјавија дека е безбеден. Нешто се случило и правдата треба да каже што, рече Кастелучи.

“Аутостраде пер Италија” беше нападната од политичарите на новата италијанска влада, коалиција на популистите од 5 ѕвезди и екстремното десната Лига, како одговорна за несреќата. Италијанската влада ги повика директорите на фирмата да дадат оставки но тие денес прецизираа дека засега остануваат на нивните работни места.

Ден на жалост во Италија

Илјадници луѓе приствуваа на погребот на жртвите

Денес во текот на денот се одржа национален погреб на 18 жртви од урнатиот мост во големиот хол на Салата за изложби во Џенова. На испраќањето на жртвите присуствуваа повеќе политичари помеѓу кои и претседателот на државата Серџо Матарела и премиерот Џузепе Конте а илјадници жители на Џенова дојдоа да им искажат последна почит на загинатите.

Сепак, половината од семејствата на загинатите одлучија да не учествуваат на церемонијата. Нивната одлука да направат приватен погреб е главно мотивирана од лутината врз политичарите и претпријатието задолжено за одржување на мостот.

Во Италија денес е прогласен Ден на жалост. Погребната церемонија беше пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот. Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.