Чешката Влада денеска донесе одлука според со која се нудат два дополнителни дена годишен одмор за државните службеници кои ќе се вакцинираат против ковид-19, соопшти премиерот Андреј Бабиш.
Чешката Република, која има 10,7 милиони жители, соопшти дека до 29 јули биле дадени 10,19 милиони дози и дека 4,74 милиони луѓе се целосно вакцинирани.
– Целта е да имаме максимална вакцинација, да се заштитиме од инфекција од странство, рече Бабиш. Тој додаде дека вакцинацијата е главната задача.
Од почетокот на пандемијата, во Чешка се регистрирани 1.673,219 милиони случаи на коронавирус, а од последици на вирусот досега починаа 30,363 лица.