Втора победа во низа на Андреа Довициозо во Мото ГП шампионатот во 2017 година. По триумфот на домашно тло, на автодромот во „Муѓело“, Италијанецот беше најбрз и во трката на ГН на Шпанија како потврда дека ја подигнува формата како одминува сезоната.
На патеката крај Барселона, возачот на Дукати оствари време од 44:41,518 минути. На второто и на третото место се пласираа Марк Маркез (+3,544 секунди) и Дани Педроса (+6,774 секунди) на Хонда.
Шпанецот Маверик Вињалес заврши на десеттата позиција (+24,189 секунди), но остана лидер во генералниот пласман во „кралската класа“ со 111 бода. Втор е Довициозо со 104, а трет Маркез со 88.