Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Може и поинаку…

0
By Нова ТВ on April 23, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 23, 2021 12:32

Автор: Емил Димитриев

Ретки се луѓето, кои патот од прогласувањето на независноста на Македонија до реализација на нејзините општо прифатени приоритети како што се интеграциите, очекувале да биде лесен. Со право, имајќи ги во предвид сите историски и актуелни предизвици со кои се соочуваме во реализацијата на иделот за самостојност.

Kако држава ја поминавме адолесценцијата и ги живееме годините на зрелост, без да ги имаме реализирано сите клучни приоритети на надворешен и внатрешен план. Еден дел од проблемите имаат екстерно влијание т.е се наметнати надвор од нашите граници и нивното решавање не зависи исклучиво од нас. Но има и такви приоритети кои се доминатно или целосно детерминирани од внатрешните состојби и претставуваат своевиден тест за функционалноста на нашето општество.

Еден од тие приоритети е спроведувањето на пописот. Навидум едноставна статистичка операција, која човештвото ја применува неколку илјади години. Но за нашата земја стана неверојатно тежок проблем кој директно задира во нејзината есенција. Претходниот обид за спроведување на пописот пропадна, актуелниот е во тек за дијаспората, во земјата е прологиран неговиот почеток.

Согласно актуелното правно формално уредување и филозофијата на функционирање во нашата земја ова статистичка операција за граѓаните се претвори во ‘’да се биде или не’’.

Главните два аргументи со кои се градеше тезата за одлагање на пописот беа пандемијата, која неспорно има катастрофален ефект и методологијата за спроведување на истиот. Не ја спорам издржаноста на овие аргументи, но мислам дека е крајно време да погледнеме и од друг агол на овој проблем кој ќе не одведе до неговата суштина.

Во моменти кога на сите нас најважно ни е здравјето и кога помалку или повеќе ‘’оперираме’’ со медицински термини, проблемот со пописот за мене е експлицитен симптом на тешко заболување на нашиот општествен еквилибриум. Во нашето опстојување сигурно дека нов облик на уредување нема да измислиме. Ризикот е да не конструираме некаков нефункционален хибрид, составен од елементи на различни системи. Состојбата со и околу пописот е повеќе од очигледна индиција дека сме многу блиску до претходно споменатото.

Нереалниот страв од реален попис лежи во апсолутно погрешно поставените принципи за функционирање на нашата држава уште во почетоците на нашата независност. Нашата плурална демократија сеуште почива на национални партии, граѓанското е заменето со бинационално општество, слободите и правата зависат од бројките на попис. Нашиот случај ги тестира сите теории и цела емпирија на науката, колку време може да функционира во ваква форма ? Триесет години градиме општество кое почива на принципи одамна надживеани, а граѓаните се заробени од квантумот со кој се застапени во целината. Одамна правата и слободите се загарантирани на микро т.е индивидуално ниво, и се срушени бариерите карактеристични за општествата од пред два или повеќе векови.

Во организираните општества правата и обврските на луѓето не зависат од статистиката. Во нашиов случај граѓанските права и слободи не треба да зависат од припадноста на етничката заедница, дополнително од нејзината големина и бројност. Можеби одредени политичари полесно опстојуваат во гета, градејќи ја својата политика на примитивен национализам, но тоа не е концептот на современо македонско општество. Оваа ситуација сликовито изгледа како демонтирање на бродот на кој заедно сме сите, за да од истиот материјал изградиме чамци наменети исклучиво за заедниците, со мала веројатност дека ќе не однесат до брегот. Недопустливо е во современо општество да има диференцијација на човековите права, како што е кај нас со издвојувањето на две етнички заедници во однос на останатите.

Перспективата на нашето општество е во рушење на сите бариери помеѓу нас, во отворање едни кон други, преку почитување на современите човекови слободи и права, независно од големината на нашите етнички заедници. Потребна е нова филозофија на размислување и делување, иманентна од статистиката, во склад со принципите на граѓанското општество. Тогаш можеме да зборуваме за еднаквост, а пописите ќе се реализираат рутински. Насушна е потребата од таква катарза во нашето општество која ќе не ослободи од овие ретроградни принципи на функционирање, максимално ќе го релаксира граѓанското содружништво и ќе не врати на вистинскиот пат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.