Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можен ли е пресврт – на масата пред СДСМ и ВМРО нова верзија на законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наредната недела преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат средба на која ќе се обидат да ги надминат недоразбирањата околу новиот закон за јавно обвинителство, откако еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека тоа треба да биде реформски приоритет кој треба да го реализира овој паралемнтарен состав пред изборите на 12 април. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека во текот на вчерашниот ден до нив бил доставен нов предлог закон за ЈО, кој на крајот од минатата година беше најавен од Министерството за правда од каде вчера најприн рекоа дека во игра останува старата верзија, но подоцна очигледно нешто се променило.

„Ние како правен тим во текот на следните денови ќе го анализираме и очекуваме идната недела да договориме термин за средба со преговарачкиот тим. Она што можев да го забележам на кратко, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да бидат водемни во тимот на Вилма Рускоска која очигледно е замена за Катица Јанева. Според мене, Законот за јавнообвинителска служба и законот за плати на ЈО е јасен, не може ниеден обвинител да добие повеќе од 35% надомест од платата, а во СЈО добивале астроносмки суми. За таков прекршок треба дисциплинска постапка. Овие не треба да бидат повластени или надградени или привилегирани. Од самото основање, институцијата работеше на нетранспарентен начин и најголемиот дел од овие пари се врз основа на договори кои ги држеле како тајни договори без да се има увид во овие средства“, рече Милошоски.

И претседателот на Собранието Талат Џафери апелираше до партиите што побргу да ги приближат ставовитедодека пак шефот на дипломатијата Никола Димитров оцени дека тие што нема да гласаат и нема да учествуваат во таков закон не се чесени и искрени пред гласачите и пред граѓаните кога велат „сакам Европска Унија“.

Вархеји, при посетата во Скопје, изрази надеж дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на новиот закон за ЈО, консатирајќи дека тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки.

Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања, во интервју за МИА, нагласи дека доколку сите политички партии се за членство во ЕУ како што велат, треба да се способни да се договорат околу реформите за да ѝдокажат на Европската комисија дека се посветени на доброто на земјата.

„Инаку, ќе видиме дека ова се само политички игри, и една од причините што не го добивме Законот за СЈО. Опозицијата не сакаше да му даде на мнозинството таков подарок пред изборите. Двотретинско мнозинство не беше можно. Ако партиите се посветени на европскиот пат, ќе сфатат дека овој момент е поважен од нивните политички игри“, рече Лефон.

Димитров, во интервјуто за МИА, нагласи дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

„Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е – кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее“, истакна министерот за надворешни работи. Тој смета дека ако овој закон се постави како приоритет, постојат шанси за договор, иако времето е кратко до 12 февруари.

ВМРО Закон за Јавно обвинителство СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.