Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Може(в)ме ли побрзо?

0
By Zoran Ivanov on June 15, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2026 13:29

Звонко Каров: Една од најчестите критики кон македонската политика по 1990 година е дека предолго ги одложуваше најважните државни прашања. Спорот за името, односите со Бугарија, меѓуетничките односи… со години останаа нерешени.

Не за да ја оправдувам тогашната политика, туку за подобро да ја разбереме, вреди да се каже и збор-два за тогашните околности. Не е доволно денес некој да тврди дека само тој или неговата политичка опција биле за независна и суверена Македонија. До таква држава требаше да се стигне, а патот не беше ниту краток ниту едноставен.

Македонија ја започна својата независност во време на распад на една федерација, во регион исполнет со војни и неизвесност. Истовремено градеше институции, бараше меѓународно признавање и се обидуваше да го зачува внатрешниот мир. Во такви околности, дел од политичките одлуки веројатно бараа време да созреат.

Општеството сè уште носеше силни траги од поранешниот систем, а политичките рефлекси не се менуваат со прогласување независност. Потребно беше време новата држава да изгради самодоверба и капацитет да се соочи со најчувствителните прашања.

И на Киро Глигоров може да му се најдат замерки дека дел од тие процеси ги остави на идните генерации. Но останува впечатокот дека негов приоритет беше Македонија да помине низ најтурбулентниот период без војна и без длабоки внатрешни поделби. Понекогаш претпазливоста е политички избор, а не недостаток на визија.

Но, ова не смее да стане оправдување за денешната политика. Ако тогаш недостасуваа искуство, стабилност и меѓународна позиција, денес таквите изговори имаат многу помала тежина. Историјата може да објасни зошто се чекало, но не може бесконечно да го оправдува чекањето.

Затоа, можеби поважно од прашањето дали можевме побрзо тогаш е прашањето дали можеме побрзо денес. Зашто секоја генерација има право на своето време, но нема право бескрајно да им го троши времето на идните генерации.

Извор: Фејсбук

 

звонко каров став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.