Министерството за Правда информира дека формулацијата „негативно мислење“ е грешна и ќе се интервенира во амандманската расправа во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност.
Праксата покажала дека според овој закон, за навреда се одговара и за „негативно мислење“. Министерството за правда прифаќа дека формулацијата „негативно мислење“ е грешна формулација.
Од Министерството за правда, посочуваат дека целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.