Српскиот, Бугарскиот и Рускиот патријарх преку своите Фесјбук страници континуирано комуницираат со своите верници и прикачуваат фотографии од своите активности.
НОВА на Фејсбук ги пронајде страниците патријарсите Иринеј, Неофит и Кирил каде се гледа дека тие имаат бројна поддршка од нивните следбеници.
Додека во Македонија се води жестока дебата околу најновата одлука на Синодот на МПЦ – ОА за забрана на Фејсбук за свештени лица во правослоаната икумена тој има широка примена.

„Во врска со дезинформациит дека страницата е лажна: Авторите на страницата се наведени со имиња и презимиња. Страница никогаш не претендира да биде официјална или лична. Таа има за цел да ги собере на едно место луѓе кои сакаат и сочувствуваат со Патријархот Неофит. Кој навистина сака, ќе најде потребните информации во базата на оваа страница“, се вели во објавата на ФБ страната на бугарскиот Патријарх Неофит.

На ФБ страницата на Српскиот Патријарх Иринеј се прикачени неговите посленија по повод сите верски празници, а на страницата на Рускиот Патријарх Кирил секојдневно се постираат негови пораки до православните верници.

„Длабоко сум убеден дека владиката мора да знае се што се случува со луѓето. Тоа се однесува на oпштествените проблеми, дури и проблемите на локалната политика, бидејќи Архиепископот е должен да го заштити народот. Дури и кога бев владика во Смоленск, дојдоа луѓе и ми рекоа: „Апелираме до Вас, како последна инстанца, никој не сака да не сослуша и помогне.“ Јас заминав кај гувернерот, инсистирав на решавање на ова прашање, а понекогаш барав и дебата за социјални теми од општествено значење“, се вели во последната објава на патријархот Кирил на Фејсбук.
На Фејсбук може да се најдат 3-4 различни страници и профили на покојниот поранешен српски Патријарх Павле, каде се постираат негови фотографии и послнија.

Преспанско-пелагонискиот владиката Петар, по чиј предлог беше изгласана одлуката на Синодот на МПЦ, во разговор за НОВА, рече дека главниот проблем на ФБ е што таму се случуваат недолични работи, многу материјали се пуштаат кои се неодостојни, со порнографија, има лица кои се занимааваат со тоа и откриваат такви нешта.
„Нам на свештениците ни се обраќаат лугето со доверба и заради тоа можат да бидат злоупотребени, се работи за голема мрежа“, смета епископот Петар.
Тој на крајот рече засега забраната важи само за ФБ, а се разбира, ако има недолични работи и на Твитер, ќе се донесе одлука и за негова забрана.



