Спорот за името меѓу Грција и Македонија е чуден проблем, изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Мркиќ наведе дека Србија има добри односи со двете страни и изрази надеж оти со помош на ЕУ ќе се најде решение.
„Ние не учествуваме и не сме вклучени во процесот и се чувствуваме пријателски со двете страни. Но, искрено, ние би сакале да се реши ова прашање. Постојат значајни трговски односи со оваа земја и илјадници нејзини граѓани ја посетуваат Грција, така што решавањето ќе биде добро за сите“, изјавил Мркиќ.
Мркиќ во Атина присуствуваше на конференција посветена на „Јадранската стратегија“, на која учествуваа високи претставници на осум земји од регионот, организирана од Европската комисија

