Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МРТ: Една недела молк од ААВМУ за Арена М Премиум

0
By Zoran Ivanov on July 28, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 28, 2026 20:15

Една недела по прашањето на Македонската телевизија – дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, почитувајќи го јавниот интерес може да ни ги достави на увид документите за реемитување на програмата на Арена М Премиум – молк од регулаторно тело, констатира МРТ.

Одржа и јавна и редовна седница, но статусот на специјализираните спортски канали не се најде на дневен ред. Остануваат отворени дилемите за пријавата и одобрувањето за нивното вклучување во пакетите на програмските сервиси на операторите и за нивната сопственост, поради тоа што Арена Ченлс Груп формира фирми, а овдешните ги нема ниту во официјално објавениот Регистар на српското регулаторно тело, за каде што ААВМУ посочи дека се регистрирани, ниту во базата на податоци на Европската медиумска опсерваторија.

Според домашните закони и според Европската конвенција за прекугранична телевизија, каналот не може легално да биде реемитуван ако неговиот точен назив легално не постои во регистарот на телевизиски сервиси во земјата од која наводно се емитува. Исто така, Европската конвенција за прекугранична телевизија бара јурисдикција врз каналите што се емитуваат или реемитуваат во другите земји.

Во член 3 од Конвенцијата во кој се утврдува полето на примена се дефинира:

Конвенцијата потврдува програмски услуги емитувани или реемитувани од субјекти во рамките на јурисдикцијата на една од страните.

Во членот 5, став 1, со кој се утврдуваат обврските на страните емитувачи се дефинира:

Секоја страна-емитер мора да обезбеди сите програмски услуги емитувани од радиодифузер во рамките на нејзината јурисдикција да се во согласност со условите на Конвенцијата.

Со тоа, Европската конвенција експлицитно бара она што се реемитува да е вистинска, потврдена и законски регистрирана услуга што потекнува од друга држава.

Врз основа на ова се поставува прашањето – какви административни мерки ќе преземе Агенцијата за медиуми за да ја потврди легитимноста на овие канали?

Ако домашните оператори регистрирале канали под името Арена Премиум 1,2 и 3 коишто постојат во Србија, но физички емитуваат други канали, означени како Арена М Премиум 1,2 и 3, кои пак, не постојат во српскиот регистар?

Дали за Агенцијата претставува домашна радиодифузна дејност, што работи без македонска телевизиска лиценца, ако локалната продукција, локалниот коментар и организациската работа за овие канали ги вршат локални посреднички фирми?

Јавноста очекува одговор, дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека се прекршува регистрацијата на пакетот на операторот.

 

ААВМУ МРТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.