Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МСУ: Изложба на домашни и странски уметници против системското насилство врз Ромите

0
By Ана Василевска on November 7, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на современата уметност – Скопје, утревелер во 20 часот  ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“.

Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова.

Уметници чии дела ќе бидат изложени на оваа поставка се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Северна Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ (Северна Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија Ригова (Словачка), Цеија Стојка (Австрија), Ден Тарнер (Англија) и  Дурмиш Ќазим (Северна Македонија).

Покрај изложбата во рамки на проектот дефинирана е и паралелена програма.

На самото отворање на изложбата, уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ ќе промовираат публикација „Морфирање на ромското етикетирање“, објавена од oncurating.org и ќе имаат партиципативен перформанс „Detox Switzerland Detox Europe – Meditation on the History of the Roma in Switzerland“. Низ групна медитација публиката ќе има можност да доживее холистички пристап кон современата историографија и наратив на Ромите во Швајцарија, преку обука за ментална и физичка агилност и стабилност на рамнотежа. Привремената заедница се замислува себеси како лабораторија за лекување на затегнатите односи во нашето општество на безбеден простор.

На 10 ноември, во 20 часот, во МСУ предавање ќе одржи уметникот Ден Тарнер, чии дела ќе бидат изложени во претстојната поставка. Насловот на предавањето е „Ромската современа уметност против структурната нееднаквост“, разговор со уметникот ќе го води Артан Садику. На ова претходеше предавањето „Функцијата на идентитетот во современата уметност“ на уметникот Сеад Казанџиу.

Музејот на современата уметност – Скопје е лоциран на простор кој е органски дел од градската целина во која со години живее ромската заедница, која често е предмет на политичко и општествено исклучување, мисинтерпретации, шпекулации и предрасуди.

Оттука, како што велат ко-кураторките на изложбата, Мира Гаќина и Јованка Попова:

„Темите со кои се занимаваат уметниците Роми во оваа поставка отвораат различни прашања поврзани со системското насилство врз Ромите и останатите маргинализирани заедници, кризата на идентитетските политики, родова нееднаквост, војна, мигранската криза, холокаустот во однос на денешните светски ултранационалистички политички идеологии, потребата од различна политика на грижа… Целта на изложбата е да ја прошири политичката имагинација вон стереотипната претстава и преку споделено знаење од меѓународно познати и домашни уметници да артикулира поинакви начини на себепретставување и да ги централизира и направи видливи игнорираните и недостапни маргинализирани наративи за Ромите“, велат Гаќина и Попова.

Изложбата отвора можност да се прашаме: „Каков е светот кога е искусен, развиен и живеен од перспектива на разлики?“,„ Што и како претставуваме, на кои гласови им даваме предност пред останатите, што дознаваме за себе си преку спознавање на другиот?“.

Овој проект се спроведува во рамките на Проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан и е кофинансиран од Европската Унија и финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Еуролинк осигурување и Тиквеш.

Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари 2023 година.

изложба Музеј на современа уметност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.