Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МСУ слави 60 години постоење со дело на Барукело, промоција на „Големото Стакло“ и МСУ водич

0
By Ана Василевска on February 8, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 11 февруари Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60
години од основањето.

Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со
почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан – матине.

Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во
нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924
–2023).

По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година,
уметниците од целиот свет во знак на солидарност започнуваат да
подаруваат свои уметнички творби од кои се создава уникатната
колекција на Музејот. Делото на Барукело, кое е едно од
најрепрезентативните донации на МСУ е конзервирано од стручниот тим на
Музејот и ќе биде претставено пред јавноста овозможувајќи нови
согледби и толкувања.

На јубилејниот настан во сабота ќе биде претставен и најновиот број на
списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“
бр.35/36 (2023), насочено кон актуелните дебати во критичката
музеологија и во кое се вклучени значајни оригинални прилози, кои се
однесуваат на релациите помеѓу критичките музеи, претставувањето на
културните различности, практиките на деколонизација, како и
музеолошки концепти кои ги адресираат и вон-човечките простори.

Програмскиот дел за настанот вклучува и стручно водење низ тековните
поставки со кустос-водич Бојана Јанева и симболичен коктел придружен
со диџеј сет на Игор Спироски, во неформална атмосфера.
Воедно, во книжарницата на МСУ е зголемена понудата на продукти во
пресрет на јубилејот.

Јубилеј МСУ Џанфранко Барукело
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.