Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП: Обезбедено сместување за 85 бездомни лица

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика повторно започна активности за заштита и сместување на бездомните лица кои се наоѓаат во импровизирани живеалишта под Кале, а од кои голем број се деца, бидејќи во зимскиот период надворешната температура е ниска и има опасност по животот и здравјето на овие лица. За обезбедување засолниште покрај капацитетот на Центарот за лица бездомници Скопје, се користат и постоечките капацитети на установите за социјална заштита кои во моментов се неискористени.

Во рамки на овие активности, во текот на ноември направено е мапирање на локацијата наречена под Кале каде се групирани најголем дел вакви семејства и истите се сместени во објекти на установа за социјална заштита. Во моментов таму се згрижени 85 лица, од кои 49 се деца.

Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што истите беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење. Целта на оваа програма, која нуди голем дел активности, е да го олесни процесот на социјална инклузија. Вкупно 15 семејства кои учествуваа во пилот програмата се преселија во времен престој во населбата во Визбегово.

Дополнително центрите за социјална работа и Црвениот крст имаат дежурни тимови во текот на зимскиот период, кои ги згрижуваат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што беа отворени во Струга, Битола и Струмица. Во рамки на досегашните активности згрижени се 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување.

Од Министерството апелираат до граѓаните, доколку забележат лице бездомник да пријават на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733.

 

бездомници МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.