Спортист од Уганда исчезна во Токио. Јапонските локални власти соопштија дека е загубена секаква трага на кревачот на товар Џулиус Секитолеко кој не се појавил ниту на тестирањето за ковид-19, пренесува порталот timesnownews.
Дваесетгодишниот олимпиец исчезнал од хотелот „Изумисано“, во близина на Осака, соопшија општинските власти.
Во соопштението на општинската управа се наведува дека се вложуваат максимални напори за пронаоѓање на спортистот и оти случајот е пријавен во полиција.