Досегашниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, и официјално положувајќи заклетва, го продолжи својот мандат.
Осумдесет и девет годишниот Мугабе, заклетвата ја положи пред 1000 обожаватели на стадионот во Хараре. Мандатот трае пет години, а Мугабе на власт е веќе последователно од 1980 година откако Зимбабве стекна независност.
Иако изборите се одржаа на 31 јули, свечената инаугурација беше одложена поради жалбите на против-кандидатот, премиерот Морган Цвангирај кој тврдеше дека изборите се лажирани.
Во тогашните тврдења, се велеше дека на речиси милион гласачи не им било дозволено да гласаат.
Уставниот суд ги одби приговорите на Уставниот суд, потврдувајќи ја победата на Мугабе како потполно фер и слободна. По службените резултати, Мугабе победил со 61 отсто од гласовите.