Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе доби имунитет од прогон, и загарантирана е неговата безбедност во земјата како дел од договорот по кој поднесе оставка.
Мугабе има прилика да остане во својата земја со сопругата со гаранција дека нема да бидат гонети од страна на судот.
„Тој се уште е наш ценет херој за ослободувањето. Тој има значителен придонес за развивањето на земјата изминативе 37 години“, изјави портпаролот на претседателскиот кабинет, дополнувајќи дека народот на Зимамбве само сакал одмор од владеењето на Мугабе.
Роберт Мугабе поднесе оставка во вторникот по огромен притисок после 37 години на власт. Тој се повлече откако власта ја презеде војската, а владејачката партија се сврте против него.