Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе денеска изјави дека Западот и неговите политички противници може да изврши самоубиство ако не можат да го прифатат неговиот неодамнешен повторен избор, јавува Си-Ен-Ен.
“Оние кои не можат да го проголтаат поразот, може да извршат самоубиство. Дури и кучињата нема да ги душкаат нивните трупови”, вели 89-годишниот лидер, додека се обрати на настанот со кој се одбележуваше комеморација на ветераните од војната на Зимбабве за независност.
Тоа беше неговиот прв јавен говор откако Изборната комисија на Зимбабве го прогласи за победник, со 61% од гласовите, на 31 јули , победувајќи го премиерот Морган Цвангираи.