Откако неговата партија освои двотретинско мнозинство на парламентарните избори, актуелниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, го освои својот седми по ред претседателски мандат.
Како што јавува BBC, 89-годишниот Мугабе освои 61% од гласовите на изборите, додека премиерот Морган Тсвангири доби 34%.
Мугабе е на чело на Зимбабве уште од 1980 годона кога државата стекна незавосност.