Спасувачките екипи во индискиот град Мумбаи се обидуваат да дојдат до најмалку 70 луѓе, кои останале затрупани, по рушењето на една петкатница. Се стравува дека најмалку 3 лица загинаа, јавува СНН.
Неколку багери веќе се наоѓаат на местото каде се урнала зградата, за да ги подигнат бетонските ѕидови, со што на спасувачите ќе имаат полесен пристап до урнатините.
Според локалните жители во зградата живееле помеѓу 40 и 60 луѓе, додека индиската Национална агенција за катастрофи информира дека таму живееле 22 семејства.
„Мислиме дека се затрупани 79 лица“, рекол Алок Авасти од Националната агенција за катастрофи.
Од друга страна, преставник на градското собрание во Мумбаи, Маниша Махискар, изјавила дека бројот на исчезнати е многу помал и дека изнесува 20 лица, таа рекла и дека седум луѓе биле извлечени од урнатините.
Во јуни годинава, најмалку пет лица загинаа кога се урна зграда во Мумбаи, додека во април во едно предградие на овој град при уривање на зграда загинале 74 лица.