Published: Tuesday, September 17, 2013 12:06
Проектот „Скопје 2014“ е провокација за Албанците, но уште поголема провокација е за Грција, вели во интервјуто за приштинскиот дневен весник „Зери” што го пренесува порталот Shqipmedia, заменик премиерот на владата на Македонија, Муса Џафери.
Џафери понатаму во интервјуто одговара на критиките на опозицијата, дека тие се само декор во владата на Груевски:
„Не е право да се потцени албанскиот електорат, зошто тој електорат со години го гласа ДУИ за да биде на власт. Албанскиот народ не е слеп“, вели Џафери понатаму за интервјуто.




