Стотици приврзаници на Муслиманско братство ја нападнаа владина зграда во Каиро, објави египетската државна телевизија. Опожарен е влезот на објектот.
Гласноговрникот на Муслиманското братство изјави дека двајца нивни водачи се застрелани но, не се убиени. Ел-Хадат не потврдува каде се наоѓаат лидерите на движењето после воената акција.
Според него воениот удар предизвикал бес кој сега излегол од контрола, дека дијалогот заснован на уставна легитимност е единствениот излез за Египет, пренесува АлЏезира.
Тој додава дека враќањето на Мухамед Морси на власт е клучен за Египет и дека Алијансата против пучот ја изгубила централната координација.
Во египедскиот град Александрија ститици луѓе маршираа по улиците во знак на поддршка на претседателот.
Египетскиот суд му го продолжи притворот на симнатиот од власт Мухамед Мосри за уште 30 дена, пренесува државната новинска агенција.
Морси, кого војската го симна од власт на 3 јули се наоѓа во притвор на непозната локација. Обвинет е за убиства и шпионирање.