Музејот на македонската борба за државност и самостојност испрати писмена реакција на денешниот протест кој го одржаа новинарите.
„Почитувани новинари, Ве молиме вашите протести да не ги одржувате пред музејските институции, како што тоа денеска го направивте пред Музејот на македонската борба. Не нè користете за дневно-политички цели, држете ги вашите собири пред партиите и другите соодветни институции. Го разбираме правото на слободен протест и слободна мисла секаде и секогаш, но не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно-политичка позадина“, се наведува во соопштението.
Од Музејот уште истакнуваат дека денеска е голем ден за Републиката и затоа новинарите, како што тврдат тие, не требало да го скрнават овој голем празник.




