Музејот на Македонија под полициска опсада, затворени се сите приоди и запрени се сите активности во објектот.
Од полицијата велат дека дека е во тек проверка на автентичноста на пописот на артефакти и антички предмети од Стоби и Исар Марвинци, направен по пријавувањето на кражбата, пред еден месец.
Според последните информации од МВР недостигаат вкупно 166 артефакти од депото на Музејот на Македонија, покажал конечниот попис за кражбата.
Првичните информации беа дека недостигаат 60 предмети со непроценлива вредност, кои потекнуваат од античкиот и римскиот период, за подоцна списокот да биде проширен на 80, откако тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети и од нивните збирки.
.jpg)
Кустосите на Музејот во писмената реакција до медиумите нагласуваат дека соработуваат со полицијата и дека до сега е утврдено дека недостасуваат 121-но парче, исклучиво златен накит од четири збирки. Пописните комисии констатирале дека украдениот материјал бил избран затоа што оштетениот не бил однесен.
Во месец Октомври оваа година, при постапката на еден од кустосите да направи редовен увид во материјалот во една од збирките, се констатираше дека недостасуваат предмети од збирката, по што ракувачот на депото приложи предмети од други збирки. Оваа состојба веднаш е пријавена кај надлежните лица во Музејот, кои констатираа дека дел приложените предметите се од збирката Исар Марвинци, од која потекнуваат најголем дел од украдените предмети. Случајот веднаш беше пријавен на надлежното Министерство за Култура, Управата за заштита на културно наследство и на Полицијата, соопштуваат кустосите.
(1).jpg)
И инспектори за култура од Секторот за инспекциски надзор при Министерството за култура вршеа увид во работата на Музејот на Македонија од аспект на водењето на прецизна евиденција за музејските предмети кои се чуваат во оваа музејска установа.
Исто така и овластени лица од Управата за заштита на културното наследство направија увид во работата на установата од аспект на примена на плановите за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија.
Јавноста се уште не е информирана за наодите од увидот на овие институции за кражбата која беше пријавена на 07 овој месец.




