Македонскиот музичар и перкусионист Зоран Маџиров, вчера попладнето доживеа тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Радовиш откако неговото возило се судрило со товарно возило од марката „Даф“.
Според полицијата, Маџиров прво бил пренесен во струмичката болница, а оттаму како итен случај е префрлен на Клиниката за неврохирургија во Скопје со потешки повреди во пределот на главата. Последните информации кои ги пренесува порталот МКД се дека тој е надвор од животна опасност.
Маџиров е роден во Струмица, но со своето семејство живее во Загреб.