Министерството за внатрешни работи вчера започна со финалната фаза од реализацијата на полициската акција која имаше цел документирање и расчистување на сомненијата за сериозен криминал во АД “Машино промет”.
Како што информираат од таму во текот од акцијата приведени се повеќе лица за кои постојат
сомненија дека се инволвирани во криминалот сторен во периодот од 2008-2011 година.
Првоосомничениот кој во посочениот период бил и претседател на упрaвниот одбор на АД “Машино промет” се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага.
Лицата се товарат за сторени кривична дела “злопотреба на службена положба и овластување” и помагање во врска со истото кривично дело. Станува збор за членови на раководните органи на АД “Машино промет”, сопственици на приватни правни лица и службени лица од управата за јавни приходи.
Истите се товарат дека постапувале спротивно од законската регулатива и не го почитувале решението на Основен суд Скопје 2 за поведена предстечајна постапка за изречена мерка забрана за располагање со имот.
МВР најави за денеска повеќе детали по целосното завршување на акцијата и поднесување на соодветната кривична пријава.
Приведените се изведени пред истражен судија.




