Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е утврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.
МВР добило потврда од унгарското Министерство дека тој е таму и дека побарал азил.
Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски.