Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Гласачите од Пустец се турски државјани

0
By Нова ТВ on March 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2013 16:17

Министерството за внатрешни работи тврди дека дел од лицата на снимките коишто вчера ги презентираше опозициската СДСМ и со кои ја обвини власта дека подготвува изборен фалсификат, биле државјани на Турција, а не на Албанија.

На улицата „Народен фронт“, адреса за којашто од СДСМ тврдат дека биле сместени лица од Мала Преспа за да гласаат на изборите, службеници на Министерството за внатрешни работи затекнала двајца турски државјани кои студирале во Македонија и кои имале валидни дозволи за привремен престој во земјава.

Турските студенти пристигнале во Македонија преку агенција за посредување при школување „Анадолу Едјукејшн“ лоцирана до амбасадата на Република Италија во Скопје.

Според она што го кажале студентите од Турција, пред два дена на врата им заѕвониле непознати маж и жена и им дале пропаганден материјал на СДСМ и кандидатот Андреј Жерновски. Бидејќи не разбирале македонски, го скинале материјалот и го фрлиле во ѓубре

Истиот ден околу 22 часот на врата повторно им се појавиле две лица кои без одобрение почнале да ги снимаат и да им поставуваат прашања што студентите не ги разбирале доволно, по што лицата си заминале.

„Министерството за внатрешни работи заедно со снимките ќе ја извести турската амбасада во земјава и заради добрите и пријателски врски ќе им понуди помош во идентификување на лицата, доколку злоупотребените турски државјани одлучат да покренат постапка и да бараат надомест на штета.

– Исто така, за манипулацијата пласирана преку некои медиуми ќе бидат известени претставниците на набљудувачките мисии. Иако од осомничениот во случајот со двојните лични карти во Охрид, беше посочено дека токму во средата требало да биде обелоденето сценариото за делегитимирањето на изборите, МВР апелира учесниците во изборниот процес да се придржуваат до етичкиот кодекс“, соопштуваат од МВР.

Во истовреме на прес конференција, членот на Извршниот одбор на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски констатираше дека СДСМ прави обид за удар врз легитимниот изборен процес во Република Македонија.

„СДСМ прави груба манипулација со селективните информации за избирачкиот список“, изјави Димовски.

СДСМ: 345 фантом гласачи на Избирачкиот список

Вчера најголемата опозициска партија СДСМ обвини дека во Скопје има лица од Мала Преспа, дојдени во земјата за да гласаат на изборите, а пријавени наводно биле и по 60 лица на иста адреса.

Според СДСМ ова не бил единствениот ваков случај и се работи за лица кои не фигурирале досега на ниту еден Избирачкиот список.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.