Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР и УЈП затворија 12 кладилници, во Речица инцидент

0
By Нова ТВ on May 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 17, 2014 15:18

Тимови составени од претставници на МВР и УЈП вчера продолжија со акцијата „Канџа“ и извршија контрола на 17 објекти, од кои 12 на подрачјето на Тетово и пет на подрачјето на Гостивар поради сомненија за незаконско организирање игри на среќа.

Од преземените дејствија беше утврдено дека контролираните објекти во Тетово и Гостивар работат незаконски, односно не поседуваат лиценци за работа. Во 13 објекти од страна на УЈП се констатирани 12 кривични дела по чл.156, осум прекршоци по чл.158 и два прекршока по чл.151од Законот за игри на среќа и за забавните игри. На сите каде беа констатирани неправилности им беа издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Во акцијата легитимирани се 47 лица, приведено е едно лице заради утврдување на идентитет, а еден малолетник е предаден во СВР Тетово.Во рамките на контролата беа одземени 114.875 денари и 230 евра, 37 телевизори, 27 монитори,21 компјутер, 21 печатачи,10 апарати за игри на среќа, седум куќишта за компјутер, три процесори,два ресивери, две покер маси и еден читач.

Во еден случај при контрола на објект во с.Речица дојде до собирање на група од околу 20 граѓани кои насилно ги истуркале членовите на тимот надвор од објектот поради што контролата не била целосно спроведена.Имено, во спортска обложувалница без име на фирма, сопственост на Н.А.(1956) од с.М.Речица-Тетово, додека службени лица на УЈП составувале Записник за констатирана состојба, во објектот влегле повеќе лица, кои почнале да им се закануваат, а притоа на инспекторот насилно му бил одземен Записникот и другите документи, при што биле расфрлани на подот.Во исто време, на улицата која оди до објектот била поставена блокада со паркирање на ПМВ„Пасат“ и ПМВ„БМВ“, а се собрале и поголема група граѓани. По кратко време, од страна на полициски службеници блокадата е одстранета и лицата се разотишле.Во консултација со ЈО, по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена содветна пријава во редовна постапка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.