Од Министерството за внатрешни работи реагираат со образложение дека градоначалникот на општина Центар, Жерновски и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски манипулираат со јавноста и пласираат лаги.
Велат со денешните изјави тие докажале четири работи. Дека корисникот на земјиштето преку општина Центар ја има прибавено целата неопходна законска документација. Лицата кои го узурпирале земјиштето го правеле тоа политички, самоволно и надвор од сите важечки закони, нанесувајќи му материјална штета на корисникот. Полициската асистенција е во согласност со законските норми и нема ниту една претставка или поплака на полициското постапување.
„Граѓаните знаат дека ваква политика на штитење на нечии лични интереси и игнорирање на законите можеби наликува на мрачното минато на Македонија од времето на Бранко Црвенковски, но не и на земја аспирант за влез во евро-атлантските асоцијации“, се вели во реакцијата.
Според МВР, тие работеле, работат и ќе продолжат да работат согласно законите, постапувајќи неселективно и во одбрана на демократијата.




