Министерката Гордана Јанкуловска на прашањето дали постои можност да се екстрадицира новинарот Зоран Божиновски, за кој се шпекулира дека е осомничен во полициската акција „Шпион“, нагласи дека тоа е одлука на судот.
– По однос на распишување потерници за лицата кои што се во бегство, а се опфатени со кривични пријави во последните две акции „Шпион“ и „Диригент“, судот ќе одлучи дали ќе распише меѓународни потерници. Доколку се распишат, ние ќе инсистираме лицата да бидат испорачани во Македонија – истакна Јанкулоска, која денеска ја посети поранашената касарна Бедиње во Куманово, за да види дел од објектите кои што од вчера се во надлежност на МВР.
Зоран Божиновски: Не работам за странски служби
Новинарот Зоран Божиновски, на својот ФБ профил, претходно направи група во која вели ќе пишува кој бил планот и која била програмата на средбата на извесен „Луди Милојко“ во канцеларијата на Борис Еднооки.





