Полицијата се уште трага по лицата кои завчера ноќта го демолираа споменикот на цар Душан на Мостот на цивилизациите и се најавува истрагата дека ќе се фокусира на безбедносните камери, јавуваат македонските медиуми.
МВР одбива да даде коментат зошто не се повикани на распит функционерите на ДУИ, иако јавно беа посочени во дел од медиумите дека биле присутни на обидот за уривање на споменикот на цар Душан.
Според медиумите на албански јазик, присутни биле министерот за економија Ваљон Сарачини, пратеничката Ермира Мехмети, градоначалникот на Чаир Изет Меџити, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ Али Ахмети- Артан Груби, а претседателот на огранокот на партијата од Чаир Беќир Асани и директно учествувал во демолирањето на споменикот.
Официјално од партијата, коалициски партнер во власта немаат коментар, а посочените функционери не одговараат на телефонските повици, објавува 24 вести.




