Од отворањето на гласачките места до 11:45 часот, МВР регистрирало за четири инциденти, соопшти портпаролот Тони Ангеловски.
Во ОУ „Лазо Ангеловски“, 22-годишниот К.Ж. нападнал полициски службеници, по што е пријавен и се наоѓа во полициската станица Аеродром.
80-годишен маж од село гостиварско Зубовце, е пријавено дека бил нападнат од 64-годишната С.М. која подоцна била повикана во полициска станица.
Во Струга во зграда во близината на ОУ „Браќа Миладиновци“, пријавено е фотографирање од мобилен телефон од лице од терасата на зградата. Веднаш се превземени мерки, и жителот на зградата е однесен во полициска станица.
Инцидент е регистриран и во Штип во О.У. „Ванчо Прќе“ Б.О. носел храна на избирачкото место, и бил фотографиран. Веднаш било пријавено, реагирала полицијата и тој што фотграфирал е однесен во полициска станица.