Недостигаат вкупно 166 артефакти од депото на Музејот на Македонија, покажал конечниот попис за кражбата, кој во моментот го разгледуваат инспектори во полицијата, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.
Првичните информации беа дека недостигаат 60 предмети со непроценлива вредност, кои потекнуваат од античкиот и римскиот период, за подоцна списокот да биде проширен на 80, откако тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети и од нивните збирки.
МВР се уште води истрага за кражбата. Инспектори за култура од Секторот за инспекциски надзор при Министерството за култура вршеа увид во работата на Музејот на Македонија од аспект на водењето на прецизна евиденција за музејските предмети кои се чуваат во оваа музејска установа.
.jpg)
Исто така и овластени лица од Управата за заштита на културното наследство направија увид во работата на установата од аспект на примена на плановите за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија.
Јавноста се уште не е информирана за наодите од увидот на овие институции за кражбата која беше пријавена на 07 овој месец.
(1).jpg)




