По мирниот протест на новинарите пред Музејот на македонската борба кој вчера го спречи полиција, за НОВА од МВР објаснуваат дека полицијата била таму за обезбедување на манифестацијата по повод празникот 23 Октомври во просториите на Музејот.
Според МВР по оперативните сознанија од терен на полицајците кои веќе биле присутни за да го обезбедуваат Музејот поради манифестацијата, кои официјално не знаеле дека ќе има протст на новинарите, и нивна проценка на лице место со цел да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир или евентуални инциденти побарале обезбедување на просторот.
Од МВР објаснуваат дека полицијата делувала во рамките на Правилникот за начинот на вршење полициска работа, во кој стои дека по проценка на лице месо таму каде што може да дојде до нарушување на јавниот ред и мир полицијата треба соодветно да реагира.
Протестот на новинарите не бил предходно писмено најавен, поради што полицијата немала сознанија за можната бројка на присутни демонстранти. МВР смета дека доколку дошло до поголеми инциденти поради немање информација кој го организира протестот тие не ќе можеле да утврдат кој ќе ја сноси одговорноста.
Доколу се најави јавен собир од околу 80-100 присутни тогаш полицијата испраќа обезбедување од 10 до 15 полициски службеници. На прашањето на НОВА зошто во толкав број беа присутни специјалците вчера пред Музејот на македонкста борба, од МВР одговараат дека тие делувале според нивните оперативни сознанија од теренот.
НОВА вчера објави дека на новинарите, новинарските здруженија и граѓаните не им беше дозволено да се доближат до зградата на Музејот македонската борба, иако протестот беше најавен уште вчера. Тие беа спречени со поставени огради околу зградата, но и физички од страна на полицајците – со пресретнување, оттурнување со своите штитови и со извлечени пендреци од страна на полициските сили. Неколку специјални единици и други припадници на полицијата беа насекаде околу Музејот на македонската борба.
* хронологија на настаните од протестот
Новинарите за прв пат излегоа на протест по изрекувањето на 4,5 годишна казна затвор на новинарот Кежаровски, предходно тие повеќе пати на протести пред судот бараа тој да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода.
„Ниту еден текст напишан во „Репортер 92“ не беше демантиран. Заштитениот сведок, не знам кога стана заштитен иако сум бил кај него дома и имам разговарано со неговото семејство, каде ми објаснуваше за полициските тортури кои ги доживувал и притисоците под кои давал исказ во полиција“, се дел од завршните зборови на новинарот Томислав Кежаровски во судница.




